Орце Ѓорѓиевски - Амар Мециновиќ

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ во втор круг ќе се борат за Скопје

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски како првопласиран, со добиени 39,43 проценти од гласовите и кандидатот на Левица Амар Мециновиќ кој освои 13,20 проценти одат во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се прво и второпласирани и во трката за советници во Советот на Град Скопје.

Кандидатката на СДСМ Каја Шукова доби 10,50 проценти од гласовите. Повеќе гласови од неа имаат и кандидатите на Вреди Башким Бакиу, 12 отсто и на НАИ Скендер Реџепи 11,22.

Ова се резултатите од преброени 99,92 проценти од гласовите во главниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот