Општина Свети Николе на сите првачиња ќе им дава по 3.000 денари

Свети Николе / Фото: Bomac / Wikimedia

Општина Свети Николе ќе додели по 3.000 денари на секое прваче. Градоначалникот, Дејан Владев, информира дека на вчерашната седница на Советот е донесена одлука со која на сите запишани ученици во прво одделение им се доделува еднократен износ од 3.000 денари како помош на родителите во овие тешки времиња за купување на ученички прибор на почетокот на учебната година.

– За да го остварат ова право, треба да се достават соодветни податоци до одделенските наставници, за да може општината во најкраток рок да им ги префрли средствата, рече Владев.

Воедно, тој најави дека во наредната учебна година од буџетот на општината Свети Николе ќе се доделуваат парични средства на сите идни средношколци кои своето образование ќе го продолжат во СОУ „Кочо Рацин”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот