Општина Студеничани одржа итна седница, ќе им додели парична помош на семејствата на жртвите

Студеничани / фото: Нафи Авдулаи / Google Maps

Советот на општина Студеничани денеска одржа итна седница поради трагедијата што се случи вчера во Бугарија. Oпштина Студеничани беше најпогодена од оваа трагедија – вкупно дваесет нејзини жители го загубија животот, а четворица преживеаја и се надвор од животна опасност.

Во име на Советот и во име на градоначалникот г-дин Азем Садики, општината во објава на Фејсбук уште еднаш изрази најдлабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски во вчерашната несреќа во Бугарија.

Советот на општина Студеничани на денешната седница донесе одлука за распределба на парична помош на семејствата на загинатите во трагичната несреќа што се случи завчера во Бугарија, во знак на солидарност со нивните семејства, велат од општината.

Исто така, Советот на општината ги охрабри надлежните органи да ја продолжат истрагата до крај за целосно расчистување на случајот. Советот на општината формираше и комисија со двајца претставници од Советот на општината и еден вработен од општинската администрација, кои ќе одлучуваат за распределбата на овие средства, да бидат во контакт со нивните семејства и за каква било друга помош.

Се надеваме дека со овој наш денешен чин ќе придонесеме во ублажување на болката на членовите на семејството кои ги загубија своите роднини во трагичната несреќа, велат од Општина Студеничани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот