Општина Центар ги започна интервјуата со студенти за платена пракса, ќе добиваат по 15.000 денари
Општина Центар информира дека во тек се интервјуата со студентите и апсолвентите кои се пријавија на јавниот повик за практикантство во општинската администрација. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека одѕивот е голем, што според него потврдува дека младите гледаат вредност и можност за развој преку институционално искуство.
Препорачано
„Среќен сум што младите изразија желба и аплицираа за практикантство во општината. Преку ова искуство студентите ќе се запознаат со сите процеси на управување и носење одлуки. Вложуваме во квалитетен кадар кој уште од студентските денови ќе ја разбере важноста на јавниот сектор и ќе биде подготвен да придонесе за подобар Центар“ рече Герасимовски.
Во моментов, вели градоначалникот на Центар, се спроведуваат интервјуата со сите кандидати, а по завршувањето ќе бидат избрани осум практиканти кои во следните шест месеци ќе имаат можност да се стекнат со практично искуство во секторите на општината.
„Нивниот труд ќе се вреднува со месечен надоместок од 15.000 денари. Со нетрпение чекам да станат мои колеги и зааеднички да го подобруваме нашиот Центар“, вели Герасимовски.
Општина Центар бара практиканти, ќе плаќа по 15.000 денари месечно


