Фото: МИА

Опозицијата ќе ги пречека европратениците кои Вучиќ не сака да ги види: „Ќе ја покажеме алтернативата на режимот“

Претседателот на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Павле Грбовиќ, коментирајќи ја изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека нема да се сретне со делегацијата на Европскиот парламент што доаѓа во Белград на крајот на јануари, рече дека тој не е лицето на Србија и дека претставниците на европските институции ќе бидат пречекани од членови на опозициските политички партии, објавија српските медиуми.

„Верувам дека и другите актери ќе ја препознаат можноста да покажат разлика во однос на режимот и што е уште поважно – дека постои алтернатива што ќе им биде сигурен партнер“, напиша Грбовиќ на социјалната мрежа X.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека не сака да се сретне со претставниците на делегацијата на Европскиот парламент (ЕП) затоа што тие „доаѓаат непоканети“ во Белград, додавајќи дека нема да биде во Србија кога ќе дојдат европратениците бидејќи има обврски што претходно биле договорени, но дека сигурно нема да се сретне со нив.

„Мразачите на Србија седнаа и се согласија дека ќе дојдат во Белград и не нè прашаа, ниту нè информираа. Ние не ги повикавме. Тие ќе дојдат  непоканети. Имам закажано и други обврски во Давос. Не ги избегнувам, но дури и да бев во Белград, немаше да се сретнам со нив“, рече Вучиќ.

Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, исто така изјави дека делегацијата на Европскиот парламент доаѓа без покана и дека нема да се сретне со нив бидејќи во тој период ќе биде во Естонија.

Мисијата на Европскиот парламент ќе биде во Белград од 22 до 24 јануари за, како што се наведува, да ја испита состојбата на демократијата во Србија.

„Доаѓаат непоканети, не сакам да ги видам“, порача Вучиќ за најавената посета на европратениците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот