Операцијата на 26-годишната Менче од Скопје ѝ ја плати ѕвездата на Интер, Марсело Брозовиќ

Ѕвездата на италијанскиот калчолигаш Интер, Марсело Брозовиќ, донираше 3.000 евра за 26-годишната Стаменка Менче Трповска од Македонија, која преку социјалните мрежи побара финансиска помош за операција на колковите.

Ѕвездата на италијанскиот калчолигаш Интер, Марсело Брозовиќ/ Фото: Фејсбук

Трповска се соочува со сериозни здравствени проблеми со колковите, а по првата успешна операција која се реализирала лани во Белград ѝ се појавиле нови компликации, па таа е повторно неподвижна.

Стаменка Менче Трповска (26)

Стаменка со искрена објава на социјалните медииуми побара финансиска помош за нова операција, а нејзината објава ја пренесоа и навивачите на Интер од Балканот.

Ko može, neka pomogne. U pitanju su samo 3. 000 €. Makedonci, djelite što dalje!

Publiée par Inter Tifosi Balkan sur Mercredi 17 juin 2020

Набргу по објавата, администраторите на фејсбук фан-страната се огласија со добра вест:

– Денеска, по само еден час од нашата објава во која ги молиме сите да ѝ помогнат на Менче, Марсело Брозовиќ ни се јави приватно и нè информираше дека го уплатил целиот износ за операцијата. Не знаеме како ова да го опишеме, нè преплавија емоциите, оставени сме без текст. Голем си Марсело, а тебе Стаменка ти ја посакуваме целата среќа на овој свет- напишаа администраторите на Фејсбук групата „Inter Tifosi Balkan“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот