Операционите сали во прилепската болница од утре повторно во функција

Фото: МИА

Комисијата за интрахоспитални инфекции при Општата болница во Прилеп донесе одлука од утре да се отворат операционите сали во болницата и да продолжат со оперативна програма. Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150-те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби.

Врз основа на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Комисијата за спречување на интрахоспитални инфекции донесе одлука од утре, 28 февруари 2023 година болничките одделенија во Општата болница со проширена дејност од Прилеп да продолжат со оперативните програми притоа почитувајќи ги принципите за асепса, дезинфекција и стерилизација, стои во одлуката на Комисијата.

Салите се затворија минатата недела откако 52-годишна пациентка починала по рутинска гинеколошка операција – киретажа поради менопауза.

Направен беше и вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, при што ја задолжи болницата да врши месечен бактериолошки мониторинг и будно да се следи состојбата со интрахоспитални инфекции.

Прилепското обвинителство има отворено предмет за лекувањето на тројца пациенти, а сѐ уште се чека на резултатите од обдукцијата на прилепската пациентка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот