Онлајн психолошка поддршка за справување со стресот во време на ковид
Меѓународниот славјански универзитет информира дека од вечерва ќе отвори платформа за психолошка поддршка.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Со оглед на стресната ситуација предизвикана од КОВИД-19 во која веќе подолго време се наоѓаме МСУ одлучи овој период да биде со вас и да ви подаде рака. Платформата за психолошка поддршка ќе биде отворена на 8 мај во 20 часот на следниот линк: https://zoom.us/…/tJUrdOiorT4jEtIYkLncJKoClUabEIvrZ2h1 Дел од платформата се и серија бесплатни едукативни вебинари на стручни теми од психологијата преку кои секој од вас ќе може да научи нешто за себе и за начините како да се справува во одредени ситуации. По повод лансирањето на платформата ќе имаме и вебинар на тема „Слободната игра како еден од најважните фактори за здрав детски развој“ со доц. д-р Ана Чучкова. „Секој што ги разбира реакциите на децата, има револуционерен начин на размислување“ – Франсоа Долто. Ќе разговараме за тоа што значи слободна игра, кои се придобивките за детето со слободната игра, кои се симболите во детската слободна игра. Вебинарот е наменет за родители, наставници, едукатори на деца, психолози, студенти“, информираат од МСУ.


