Фото: Pixabay

Онлајн измама во Бирмингем, граѓаните чекале новогодишен огномет кој не бил закажан

Стотици граѓани на Бирмингем, Англија, чекаа новогодишен огномет во центарот на градот, кој дури и не бил закажан, пишува британскиот весник Телеграф.

Граѓаните беа измамени со лажни објави на социјалните мрежи, и покрај известувањето на локалната полиција дека нема да има огномет.

Ова не е прв пат граѓаните на Бирмингем да бидат измамени. Дури и минатата година, на социјалните мрежи имаше наводни најави дека ќе има претстави, тезги со храна и „величествен огномет“ во центарот на градот, а полицијата потоа издаде известување дека најавите се лажни.

Во центарот на градот Бирмингем немало огномет од 2017 година, но реклами со огномет постојано се појавуваат на социјалните медиуми.

-Секоја година, на мрежите почнуваат да се шират гласини за големи прослави во градот. За жал, овие лажни тврдења често водат до забуна и разочарување. Минатата година, на пример, бевме свесни за најавите што циркулираа за спектакуларна претстава на стогодишнината. Многу луѓе веруваа во тоа, отидоа во центарот на градот и беа несреќни кога ништо не се случи – рече портпаролот на локалната полиција.

Полицијата беше на плоштадот и ја информираше толпата дека нема огномет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот