ОН: Над половина милион бегалци се во соседните земји на Украина и бројот се зголемува

Бегалци Украина
Расплаканиот Марк Гончарук / Фото: Скриншот, Јутјуб

Во соседните земји на Украина во моментов се наоѓаат 520.000 украински бегалци и тој број драстично се зголемува од час во час, изјави Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР), вчера пред Советот за безбедност на ОН.

Гранди, кој се обрати пред Советот преку видео-конференциска врска од Женева, истакна дека работел на бегалските кризи речиси 40 години и дека „ретко видел таков неверојатно брзо растечки егзодус на луѓе – најголем, секако во Европа, од балканските војни”.

– Над 280.000 избегаа во Полска. Други 94.000 се во Унгарија, речиси 40.000 моментно се во Молдавија, 34.000 во Романија, 30.000 во Словачка и десетици илјади во други европски земји. Свесни сме и дека значителен број заминале во Руската Федерација, нагласи Гранди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот