Олена не знаела дека Зеленски ќе се кандидира за претседател: Заборавил да ѝ каже

Володомир Зеленски и Олена Зеленска
Фото: Инстаграм, Олена Зеленска

Олена и Володимир Зеленски, се во среќен брак речиси дваесет години. За нивната врска интензивно се зборува и пишува во светските медиуми, па на површина излегуваат многу анегдоти.

Една од нив секако е кандидатурата на поранешниот комичар за претседател на Украина. Зеленски во својата земја бил познат како комичар, актер и ѕвезда на шоуто „Танц со ѕвездите“, а кога решил да се кандидира за претседател, неговата сопруга не го поддржала. Напротив, таа остро се спротивставила на идејата.

Володомир Зеленски и Олена Зеленска
Фото: Инстаграм, Олена Зеленска

Во таа прилика за една локална телевизија во Украина изјавила дека е „агресивно се противи на проектот“ и дека тоа е „сосема друга насока во животот“, па нејзиниот сопруг не ја ни информирал за својот план.

По победата на Украина, таа за украински „Вог“ изјави дека дознала за кандидатурата на нејзиниот сопруг на „Фејсбук“. На прашањето зошто не и кажал, Зеленски одговорил: „Заборавив“, пишува „Daily Mail“.

ФОТО | Оваа жена е најголемата поддршка на украинскиот претседател: Олена Зеленска, првата дама ги охрабри сите Украинци

Нивната ќерка била згрозена од идејата дека нејзиниот татко ќе биде претседател Нивниот син, кој тогаш имал шест години, бил воодушевен од новата кариера на тато. Олена вели дека малиот Кирил повеќе се грижел дали татко му ќе може да си игра со него, додека нивната ќерка била вознемирена.

„Таа не сакаше нејзиниот татко да стане како оние политички елити што ги гледа на телевизија“, призна Олена. Таа плачеше и рече: „Како ќе одам на училиште, што ќе ми велат? Но фала богу што ситуацијата во училиштето беше нормална, имаше неколку шеги на оваа тема, но тоа беше тоа“, изјави Олена.

володимир зеленски
Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Таа додаде дека е невозможно да се опише колку нејзиниот сопруг ги обожава нивните деца.

„Многу ми е важно како мажот се однесува со децата и, фала му на Бога, имам среќа“, рече таа.

Сепак, кога Зеленски победи на изборите во мај 2019 година, промената во нејзиниот живот мора да била огромна.

„Одеднаш бев постојано опкружена со луѓе. Немав време за себе и единствено засолниште беше бањата“, заклучила таа.

ФОТО | Олена Зеленска во отворено писмо: Ова е војна во Европа, во близина на границите на ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот