Октомври е најжешкиот месец регистриран досега на планетава

Топло време илустрација / Фото Архива

Октомври годинава е најжешкиот октомври досега регистриран на планетата, соопшти денеска европската Служба за климатски промени Коперникус, истакнувајќи дека се работи за петти последователен месец во кој е регистриран топлотен рекорд или температурите биле многу блиску до највисоки бројки.

Октомври 2019 година беше 0,63 Целзиусови степени над просечната температура од референтниот период 1981-2000, со што незначително е урнат рекордот од октомври 2015 година за 0,01 степени Целзиусови, но беше 1,2 Целзиусови степени над температурата во прединдустрискиот период.

– Ова е петтиот последователен месец во кој се регистрира рекордно висока температура или температура многу блиску до рекордот- соопшти Коперникус.

Јуни 2019 година беше најжешкиот јуни досега регистриран, а јули го достигна апсолутниот рекорд на најжешките месец регистриран досега. Август 2019 година беше втор во топлина за месец август, а септември беше на првото место.

Последните четири години беа најтоплите досега регистрирани на планетата, а уште во август Светската метеоролошка организација веќе процени дека 2019 година ќе биде меѓу петте најтопли години, што соодветствува со предвидувањата на научниците за влијанието на климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот