Околу 500 родители ќе платат казни за невакцинирање на децата

Само годинава 500-тини родители треба да платат казни зошто не ги вакцинирале децата пренесува Сител.

На сите Државниот санитарен и здравствен инспекторат им поднел прекршочни пријави. Од ДСЗИ велат дека бројката на невакцинирани била поголема, но дел дошле на порамнување и платиле половина од сумата, а други пак приложиле документ дека детето во меѓувреме било вакцинирано или пак здравствената состојба не дозволувала да примаат вакцина.

-Казната доколку дојдат на порамнување е околу 300 евра, доколку платат во рок од 8 дена се преполовува на 150 евра, но тоа не ги амнестира родителите да не ги вакцинираат децата, тие и понатаму нема да бидат примани во градинките, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот