Околу 160 лица сè уште се водат како исчезнати по уривањето на зградата на Флорида
Околу 160 лица сè уште се водат како исчезнати при уривање на станбена зграда во американската држава Флорида.
Тогаш беа убиени четири лица, а спасувачите сè уште ги пребаруваат урнатините стравувајќи дека бројот на жртвите може да биде многу поголем.
„Ние немаме проблем со ресурсите, имаме проблем со среќата“, рече Чарлс Буке, градоначалник на Сурфајд во близина на Мајами, каде се сруши дел од дванаесеткатницата, пренесува Бета.
На теренот има и два големи кранови кои го движат бетонот, а кога машините ќе престанат да работат, спасувачите со рацете преместуваат делови од бетонот и металот, во надеж дека ќе ги пронајдат луѓето заробени во урнатините.