Затвор во Северна Каролина, САД каде се извршува Смртна казна/Фото: Sean Rayford / Getty images / Profimedia

Оклахома: Осуденик на смртна казна во последен момент се спаси од егзекуцијата

Затвореник од Оклахома осуден на смртна казна ja избегна егзекуцијата во последен момент откако гувернерот на државата му ја замени казната во доживотен затвор, објави Њуз9.

Тремејн Вуд (46) беше осуден на смрт за убиството на 19-годишниот Рони Виф на Нова Година во 2002 година. Тој никогаш не ја признал својата вина.

Неговата егзекуција беше закажана за четврток во 10 часот по локално време, но републиканскиот гувернер на Оклахома, Кевин Стит, објави дека ќе ја следи препораката на Комисијата за помилување, која препорача промена на казната во доживотен затвор.

Одлуката „ја зема предвид истата казна изречена на братот (на Вуд) за убиство на невин човек и гарантира строга казна“ за „опасен криминалец“, објасни Стит.

Гувернерот, кој е на функцијата околу седум години, само уште една смртна казна заменил со доживотен затвор, во 2021 година.

Комисијата препорачала ублажување на казната, прифаќајќи дека не бил правилно застапуван од неговиот назначен адвокат. Неговиот постар брат, кој имал подобра одбрана, бил осуден на доживотен затвор без условна слобода, иако признал дека ја избодел жртвата. Братот на Вуд извршил самоубиство во затвор во 2019 година.

Вчера во Флорида е погубен Брајан Џенингс (66), поранешен маринец осуден за силување и убиство на шестгодишната Ребека Кунас во 1979 година.

Во Јужна Каролина, Стивен Брајант (44), кој убил тројца мажи за пет дена во 2004 година, денес ќе биде погубен со стрелачки вод. Всушност, со крвта на својата последна жртва, тој напишал порака до полицијата: „Фатете ме ако можете“.

Вкупно 41 егзекуција се извршени во САД од почетокот на годината, повеќето со интравенска инјекција, пет со вдишување на азот (метод што експертите на ОН го опишуваат како еден вид „тортура“) и две со стрелање.

Се забележува дека смртната казна е укината во 23 од 50-те американски држави. Во три од преостанатите држави, Калифорнија, Орегон и Пенсилванија, се почитува мораториум на егзекуции, со одлука на гувернерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот