ОЈО поднесе обвинение за насилството врз телевизиската екипа на Алсат во Стара чаршија

Основно јано обвинителство/ фото: Слободен печат / Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинение против 53-годишник за кривично дело – Насилство според член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 21 август, пред берберница во Старата скопска чаршија, малтретирал, грубо навредувал и насилнички се однесувал кон новинарска екипа на ТВ Алсат и предизвикал чувство на вознемиреност и страв кај сведоци на настанот, соопшти Обвинителството.

-Додека снимател и две новинарки снимале за потребите на телевизијата, тој најпрвин излегол од берберницата и започнал гласно да ги пцуе. Потоа влегол внатре и зел ножици, по што се вратил кај оштетените и директно им се заканил дека ќе ги убие. Тие започнале да се повлекуваат на друга локација, но во тој момент обвинетиот му пришол од зад грб на снимателот и го удрил со тупаници по главата. Оштетениот во прв момент изгубил рамнотежа од ударот и ја спуштил камерата. Потоа се исправил и започнал да се брани од ударите на обвинетиот. Наскоро интервенирале и други граѓани за да го спречат натамошното насилство и го одвлекле обвинетиот во берберницата, посочуваат од Обвинителството.

Како што се наведува, од поведувањето на постапката за осомничениот на сила се мерки на претпазливост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот