ОЈО отвори истрага за обид за убиство во Арнакија

Основно јано обвинителство/ фото: Слободен печат / Драган Митрески

По настанот, сега осомничениот повеќе од четири месеци бил недостапен за органите на прогонот.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка за едно лице осомничено дека се обидело да изврши кривично дело – убиство.

На 30 август 2019 година, осомничениот пред кафе бар на влезот во селото Арнакија со умисла се обидел да лиши од живот едно лице.

-Имено, осомничениот заедно со уште едно лице застанале со автомобил „фолксваген голф“ на автобуската станица во селото и започнале вербална расправија со трето лице – сведок. Двајцата излегле од возилото држејќи огнено оружје – пиштоли во рацете, по што сведокот започнал да бега. Оштетениот го видел настанот и се обидел да ја смири ситуацијата, повикувајќи ги да застанат. На ова, осомничениот испукал кон оштетениот 3-4 проектили од пиштолот со калибар 6,35мм и му нанел три огнострелни повреди. Оштетениот започнал да бега, а осомничениот се впуштил кон  него и испукал уште неколку проектили, но не успеал да го погоди, се вели во соопштението од ОЈО.

Оттаму појаснуваат дека откако на местото веднаш се собрале и поголем број други луѓе, двајцата вооружени побегнале. По настанот, сега осомничениот повеќе од четири месеци бил недостапен за органите на прогонот.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, како и да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот