ОЈО бара нов притвор за Емил Јакимовски од Скопје

Насилникот е обвинет за кривично дело загрозување на сигурноста и за едно кривично дело загрозување на сигурноста.

Основното јавно обвинителство од Скопје до Основниот кривичен суд поднесе обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста и за едно кривично дело загрозување на сигурноста.

„Од резултатите на вештачењето спроведено по наредба на јавниот обвинител во текот на истражната постапка произлезе дека обвинетиот ги сторил делата во состојба на битно намалена пресметливост за да го сфати значењето на делото и да управува со своите постапки.

Првото дело кое му се става на товар обвинетиот го сторил на начин што со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тој, како поранешен сопруг на една оштетена, при вршење семејно насилство и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице – нејзиниот татко.

Прочитајте и...  Сугарески го прислушкувале осум години

Обвинетиот се товари дека второто дело го сторил на 10 јануари, кога по пат на информатички систем и се заканувал на оштетена дека ќе изврши кривично дело –Убиство за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите ги упатувал преку пораки и мобилни апликации, па оштетената се почувствувала дека и е загрозена личната сигурност.

Истражната постапка за истото лице беше поведена и за кривично дело – Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5, но за ова дело не е поднесено обвинение, бидејќи во текот на постапката се утврди дека Решението на Основниот граѓански суд Скопје со кое била издадена наредба – Привремена мерка за заштита на правата на оштетената од семејно насилство се уште не е правосилно.

Прочитајте и...  Швајцарија: Неутрална, последен пат војуваше пред 200 години, а ќе потроши милијарда франци на борбени авиони

Исто така, обвинителството ги истражуваше и наводните закани кои лицето ги упатувало кон друга оштетена, но притоа се утврди дека во нив не постојат елементи на кривично дело, туку дека станува збор за клевети и навреди за кои оштетената може да поведе граѓанска постапка.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, ценејќи дека постои реална опасност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност“, тврдат од ОЈО

Прочитај повеќе

Филипче: Кротката убавица Бојана како лавица го победи карциномот (ВИДЕО)

Слободен печат

Словенија: Се очекува 60 отсто од населението да се вакцинира кога ќе бидат достапни ковид вакцините

Слободен печат

Апел од шпанската Влада: Жителите на Мадрид да го ограничат движењето

Слободен печат

Голема акција на Европол и ФБИ: Уапсени 179 лица, запленет пола тон дрога и оружје

Слободен печат

Фејсбук и Инстаграм поради прописите ќе ја напуштат Европа?

Слободен печат

Ковид-тест наместо карантин за патниците пред меѓународните летови, бараат авиокомпаниите

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Британија со нови рестриктивни мерки: Полициски час за рестораните, казни за неносење маски, свадби и погреби со ограничен број луѓе

Слободен печат

Расте бројот на заразени во Шведска, се размислува за нови мерки

Слободен печат

Се „крчка“ нов Кривичен законик, но и Закон за кривична постапка.

Лука Андреев

Макрон ја повика Русија да објасни за труењето на Навални, нема да толерира хемиско оружје

Слободен печат

Хашки обвинител: Ќе ги гониме оние кои ќе го откријат идентитетот на сведоците против ОВК

Слободен печат

Д-р Марковски: Потребно е владино тело од 4-5 доктори кое ќе носи одлуки за да излеземе од пандемијата

Слободен печат