Охридскиот градоначалник Пецаков славел Водици со илјадници луѓе, а бил позитивен на ковид-19

Фото: Кирил Пецаков /Фејсбук

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, се појавил меѓу луѓе на одбележувањето на Водици на 19 јануари, иако пред настанот правел тест за коронавирус, кој потоа испаднал позитивен, објави А1он.

Според порталот, охриѓани кои биле во контакт со него во паника бараат термини за тестирање, откако дознале дека градоначалникот е позитивен. Здравствените власти од Охрид велат дека најмалку 300 контакти на градоначалникот веќе побарале тестирање, но стравуваат дека кластерот ќе биде многу поголем.

Пецаков дента за Водици објави повеќе фотографии од прославата, на кои се гледа тој без маска и во близок контакт со луѓе.

Фото: Кирил Пецаков/Фејсбук

Градоначалникот, неофицијално, во охридската епидемиолошка служба инсистирал да биде испратен во изолација, но неговите настојувања не биле послушани, пишува А1он.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврдуваат дека градоначалникот Пецаков добил решение за изолација по позитивен тест на коронавирус, а потсетуваат дека и сѐ уште важи правилото дека секој што се тестира веднаш да се изолира.

„Во сила се препораките на Комисијата за заштита од заразни болести дека лицето кое се тестира, до добивање на резултатот останува во изолација. Секое лице кое по тестирањето ќе добие позитивен тест на Sars Cov 2, е во изолација од моментот на добивање на резултатот. Понатамошниот тек на болеста го следи матичниот лекар и во зависност од симптоматологијата изолацијата трае 10 дена за асимптоматски и 20 дена за лица со симптоми“, велат од Инспекторатот.

Пецаков засега не одговара на прашањата околу тестирањето и прославата на Водици. Неофицијално освен него, позитивен тест на коронавирус добил и секретарот на општината, Александар Китески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот