Адама Кеита/ГРК Охрид

Охрид промовираше големо засилување – ракометар кој осум години играше за ПСЖ

Eкипата на Охрид денеска промовираше ново засилување во своите редови и тоа Французинот Адама Кеита.

Кеита во Охрид пристигбнува од грчки АЕК, претходно осум сезони ги бранеше боите на француски ПСЖ. Исто така зад себе има и настапи во младинската репрезентација на Франција и бронза од јуниорскиот Мундијал од 2017 година.

„Започнува ново поглавје за мене. Горд сум што му се приклучувам на ГРК Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа. Доаѓам со голема желба, амбиција и волја да го дадам максимумот на теренот за боите на клубот. Со нетрпение очекувам да започнам и да се запознаам со нашите навивачи.”, изјави Адама Кеита.

Официјално: Лино Червар ќе го враќа Пелистер на шампионскиот трон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот