Огромна е желбата и кај Елмас – јасна порака од „Дијамантот“! (ФОТО)

фото:ффм

После завршувањето на квалификациите за ЕП 2020, македонската фудбалска А репрезентација го освои третото место во својата група како најдобар пласман во историјата на едни квалификации.

За нашата најдобра фудбалска селекција останува уште една опција за пласман на континенталниот собир, а тоа е Лигата на нации.

Во новото УЕФА натпреварување ни се потребни уште две победи за историски пласман.

View this post on Instagram

#3place #history #Euro2020 wait for us ????

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24) on

На тоа се надева и еден од нашите најталентирани фудбалери Елиф Елмас кој се огласи на својот „Инстаграм“ профил:

– Трето место, историја. ЕУРО 2020 нѐ чека – напиша Елмас.

Во квалификациската група „Г“ токму нашиот фудбалски „Дијамант“ беше најефикасниот стрелец на Македонија со четири голови, односно трет стрелец во оваа група зад Еран Захави (Израел, 11) и Марко Арнаутовиќ (Австрија, 6).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот