Ограбена филијала на „Уни банка“ во центарот на Скопје

Гужва луѓе пред банка / Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

Вооружени лица денеска напладне ограбија експозитура на „Уни банка“ во населбата Капиштец во Скопје. Напаѓачите одзеле пари од вработените, а едно од лицата отворило и оган од огнено оружје. Според првичните информации, нема повредени лица.

Поради нападот во центарот на градот денеска имаше засилени полициски контроли и возила, кои се обидуваа да ги пронајдат крадците. Тоа предизвика и застој во сообраќајот.

„На 8.3.2022 во 12:35 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар, три лица со закана со оружје од вработените одзеле пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум“, велат од МВР.

Оттаму додаваат и дека нема повредени лица во инцидентот и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Истражните органи ги прибавиле и ги прегледале видеоснимките од околните безбедносни камери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот