Тарик Филиповиќ и Лејла / Фото: Принтскрин/Инстаграм/tarikfilipovic

Ограбен водителот на „Милионер“: Од станот на Тарик Филиповиќ украдени брендирани часовници, вреден накит…

Хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ и неговата сопруга Лејла се жртви на крадци по вторпат.

Актерот го пријавил Леон П. К. (24), син на претприемачи од Загреб и познаник на неговиот посинок, за кражбата на вреден накит, брендирани часовници и очила за сонце, како и скапи пијалаци.

На списокот на украдени предмети се нашле рачни часовници Diesel, Breil, Invicta Lupah (специјално издание), Jacques Lemans, Ice Watch и Jet Set, очила за сонце (Клое и Етро), пет белегзии (бижутерија), 10 прстени, пет пара обетки, обетки сотри златни кругови, сребрена обетка во облик на срце, метален брош, 11 пара манжетни, две златни ланчиња, виски (Џони Вокер блу лабел) и шампањ Моет.

Крадецот сето ова го зел од станот на Тарик во западниот дел на Загреб.

Инаку, Филиповиќ во 2013 година беше ограбен од поранешната домашна помошничка Аница Јуриљ. Таа беше судена за кражба на вреден златен накит – дијамантски прстен вреден 5.000 евра, дукати и девизи (20.000 евра). Судскиот спор траеше со години, а пресвртницата се случи кога Јуриљ го обвини популарниот водител на хрватскиот „Милионер“ дека се обидел сексуално да ја нападне.

Домашната помошничка беше прогласена за виновна во 2019 година.

Овој, вториот грабеж се случил во 2023 година, објави „Јутарњи лист“, а порталот „Империјал.нет“ објави детали за обвинението против 24-годишниот Леон П. К.

– Обвинението против дваесет и четиригодишникот е покренато на 10 октомври минатата година од страна на Општинскиот кривичен обвинител во Загреб… Од образложението се гледа дека Општинското кривично државно обвинителство во Загреб го поднел обвинението против обвинетиот до тој суд „поради основано сомнение дека сторил кривично дело против имотот – тешка кражба…“. Од документот се гледа дека на 6 ноември 2024 година, судот донел пресуда (кривичен налог) со која обвинетиот е прогласен за виновен и му е изречена условна казна која ја предложил државниот обвинител – објави овој портал.

Овој пат брачната двојка Филиповиќ имале среќа, крадецот им вратил сè – освен шампањот.

„Бев на забава, а потоа еден пријател ме покани да дојдам во станот на г-дин Тарик Филиповиќ…“, се бранел осомничениот, како што објави „Јутарњи лист“.

ВИДЕО | Тарик Филиповиќ ја покажа својата романтична страна, напиша песна за роденденот на сопругата

ФОТО | Тарик и Лејла Филиповиќ уживаа во Скопје: „Таму каде што сонцето вечно сјае – колку љубов и топлина“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот