Ограбен домот на Винс Картер, семејството му се криело во плакар

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Поранешната НБА ѕвезда е „покуса“ за речиси 100.000 долари, откако арамии ја ограбиле неговата куќа, а жена му и двата сина морале да се сокријат во плакарот

Речиси 100.000 долари биле украдени од домот на поранешната НБА ѕвезда Винс Картер во Џорџија додека неговата сопруга и децата се криеле во спалната собa, соопшти полицискиот оддел на Атланта.

Според извештајот за инцидентот сопругата на Винс, Сонди, била во кревет со своите две деца околу 23:50 часот кога слушнала „гласни звуци“ од предниот дел на нејзиниот дом.

Сонди се јавила во полиција, а потоа се сокрила во плакарот во спалната соба со нејзините синови, се вели во извештајот. Додека биле внатре, семејството слушнало како криминалците „претураат по нивните работи во различни соби“.

Полицаец пристигнал во домот на Картер и ги бркал крадците, но тие успеле да побегнат. Полицијата пронашла 16.000 долари во дворот на семејниот дом на Винс (кој не бил дома во тоа време), што им испаднале на крадците. Но поголемиот дел од 100.000 долари не бил најден.

Торонто Репторс го избра Винс на драфтот на НБА во 1998 година. Тој играше 22 сезони пред неговото пензионирање во 2020 година и сега е НБА аналитичар за ЕСПН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот