Оформен кривичен предмет против судијката која не изрекла забрана за приближување на Сулејмановиќ кон својата жртва

Фото: Инстаграм, Нермин Сулејмановиќ/ Полицајци во Босна / фото: Профимедиа

Канцеларијата на Дисциплинскиот обвинител на обвинителството на Босна и Херцеговина покрена предмет против судијката Лејла Нумановиќ од Градачац, која одбила да изрече забрана за зприближување на Сулејмановиќ на убиената Низама Хеќимовиќ, по предлог на полициската управа Градачац,.

Убиената Низама / Фото Социјални мрежи

 

Канцеларијата на дисциплинскиот обвинител на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина (Канцеларијата) формираше случај по службена должност врз основа на написи објавени во медиумите за дејствијата на судија на Општинскиот суд во Градачац. Канцеларијата преку истрага ќе ги утврдува релевантните факти за случајот, за да ги испита наводите за повреда на службената должност на судијата во процесот на одлучување., објави порталот „Аваз.

Тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ пред неколку дена брутално ја ликвидираше својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, уби уште две лица, рани тројца, а потоа се самоуби.

Нермин Сулејмановиќ / Фејсбук

Само четири дена пред бруталното убиство на Хеќимовиќ, судијата на Општинскиот суд во Градачац, Лејла Нумановиќ донесе одлука со која го отфрли предлогот на полициската управа Градачац да му наложи на Нермин Сулејмановиќ мерки за забрана нза вознемирување, следење и приближување кон жртвата.

Низама

Судот ја донесол оваа одлука иако Хеќимовиќ на неколкупати го пријавувала Сулејмановиќ за семејно насилство поради што и побегнала од нивниот заеднички дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот