Официјално потврдено: Евровизија 2021 ќе се одржи, но со одредени ограничувања

Натпреварувањето за песна на Евровизија 2021 година ќе биде одржано во ограничен облик во месец мај, во холанскиот град Ротердам, поради ограничувањата кои произлегуваат од пандемијата на ковид-19, соопштија денес организаторите.

Одделни настапи ќе бидат одржани во Ротердам на 18, 20 и 22 мај, со одржување на физичка дистанца, наведоа организаторите, не прецизирајки дали ќе биде дозволено присуство на пулика, пренесува Ројтерс.

Од организацијата напоменаа дека одделни делегации можат да достават и снимени настапи.

Како што се вели во соопштението, повеќе од дваесет земји ги потврдиле истите учесници избрани од минатата година, давајќи им „втора шанса“.

Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија.

„Според јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава, Македонската Радио Телевизија одлучи задачата да ја претстави Северна Македонија на Евровизија 2021, да остане во рацете на Васил Гарванлиев“, се вели во соопштението од МРТ.

Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот