Официјално: Пауновиќ е нов селектор на Србија, го чека пеколно деби
Вељко Пауновиќ е нов селектор на фудбалската репрезентација на Србија, на местото на Драган Стојковиќ – Пикси. Пауновиќ неодамна доби отказ од шпански Овиедо, а во Фудбалскиот сојуз на Србија сметаат дека токму тој е најдоброто решение за наследник на Пикси.
Препорачано
Во својата тренерска кариера Пауновиќ работеше пет клубови (Рединг, Чикаго Фајер, Чивас, Тигрес и Овиедо), но најголемиот успех го запиша токму со младинската репрезентација на Србија – до 20 години.
Тој во 2015 година ја водеше селекцијата до историскиот трофеј на Светското првенство за младинци на Нов Зеланд, каде Србија во финалето го совлада Бразил со 2:1 по продолженија.
„Шансите за пласман сè уште постојат, а токму затоа Вељко Пауновиќ прифати да ја преземе репрезентацијата со целосна посветеност“, изјави генералниот секретар на ФСС, Бранко Радујко.
Дебито ќе го има на 13 ноември и тоа против Англија во Лондон. Инаку, за нас интересно е и што Пауновиќ е роден во Струмица.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


