Официјално: Луис Нани има нов клуб, ќе биде соиграч со Македонец

Фото: Adana Demirspor

Поранешниот португалски репрезентативец, Луис Нани (36) е нов член на турскиот прволигаш Адана Демирспор, објави турскиот клуб.

Португалецот со Адана потпиша договор на две години и така стана соиграч со македонскиот репрезентативец, Јован Манев. Нани доаѓа во Турција по сезоната во австралискиот Мелбурн Виктори каде што поголем дел од сезоната беше надвор од терените поради повреда на коленото.

Најдобрите денови од кариерата, Нани ги помина од 2007 до 2014 година кога играше за Манчестер Јунајтед со кој освои четири титули во англиското првенство и Лига на шампионите во 2008 година.

За него ова е враќање во турското првенство каде што во сезоната 2015/2016 го носеше дресот на Фенербахче. Настапуваше уште за Спортинг, Валенсија, Лацио, Венеција и Орландо. За репрезентацијата на Португалија собра 112 настапи и постигна 24 гола. Најголемиот успех во репрезентативниот дрес го имаше во 2016-та година кога стана европски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот