Конор Мекгрегор/EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Официјално: Конор Мекгрегор во јули по пет години се враќа во УФЦ

Конор Мекгрегор повторно ќе влезе во октагонот по неколкугодишна пауза, а негов ривал ќе биде Макс Холовеј на настанот УФЦ 329 кој е закажан за 11 јули.

Од УФЦ официјално ја потврдија долгоочекуваната пресметка, која ќе биде втор дуел меѓу двајцата борци. Нивната прва борба се одржа пред 13 години, а тогаш победата ја однесе Ирецот.

За Мекгрегор ова ќе биде прв настап по 2021 година, кога последен пат се бореше против Дастин Поарје. По тој меч со месеци се шпекулираше за негово враќање, но камбекот постојано се одложуваше.

Сега, еден од најпознатите и најконтроверзни УФЦ борци конечно повторно ќе има можност да покаже дали и понатаму може да биде конкурентен на највисоко ниво во ММА сцената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот