Фото: FC Eindhoven

Официјално: Јувентус се засили со холандски дефанзивец

Торино ќе биде нов дом за талентираниот Шејн Ван Ерл, откако италијанскиот гигант Јувентус постигна договор со холандскиот клуб Ејндховен за негов трансфер. Веста беше потврдена од редовите на второлигашот, каде што младиот играч сè уште го чека своето деби во сениорската конкуренција.

Со 18 години, Ван Ерл е член на младата репрезентација на Холандија до 19 години, а неговиот развој не помина незабележано од страна на „старата дама“.

Со овој трансфер, Јувентус повторно потсетува на случајот со Дин Хујсен, уште еден холандски бисер кој на 16 години премина во редовите на торинскиот клуб од Малага. Хујсен помина три години во Италија, пред да го купи англискиот Бормут за 15 милиони евра. Денес, тој е желба на неколку елитни европски клубови.

За трансферот зборуваше и директорот на холандскиот второлигаш, Марк Шеперс.

„Во фудбалот понекогаш сè се движи многу брзо, а Шејн е жив доказ за тоа. На само 18 години покажува стабилност и зрелост каква што ретко се гледа, и затоа интересот од големите клубови не изненадува. Иако му понудивме план за иднината во нашиот клуб, кога Јувентус ќе се појави на вратата – разбираме зошто ја донесе таа одлука. Горди сме на него и на работата на нашата академија,“ изјави Шеперс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот