Официјално: Јорданчо Давитков е нов тренер на КК Гостивар

Јорданчо Давитков/фото: facebook.com/jordanco.davitkov

Кошаркаркиот клуб Гостивар ја информираше јавноста дека нов тренер на екипата е Јорданчо Давитков. Клубот му се заблагодари на Никола Димитриевски за досегашната соработка.

Давитков со Гостивар ќе се обиде најпрвин сезонава да обезбеди место во плеј-офот, а потоа и се бори за шампионскиот трофеј.

Тимот влезе во серија лоши резултати, има четири порази во низа, за моментно осмо место на табелата (4-8).

Давитков се очекува да го има дебито на клупата на 23 декември на домашен терен против актуелниот шампион МЗТ Скопје.

Нашиот поранешен селектор последен пат водеше македонска екипа во сезоната 2007/2008 кога беше на клупата на Струмица 2005. Ги водеше и Работнички, Неметали Огражден, Балкан Стил, Поло Трејд, Никол Ферт (сегашен Гостивар).

Има и искуство од странство, беше дел од Снајфел, Ал Јахраа, Ал Васл Дубаи, Ал-Шааб, Банијас Клуб, Ал Кадсија, а беше дел и до селекцијата на Кувајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот