Официјално: Азар повеќе не е играч на Реал Мадрид

Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Белгискиот фудбалер, Еден Азар и официјално повеќе не е фудбалер на „кралевите“.

Реал Мадрид со официјално соопштение вечерва потврди дека Азар заминува од Мадрид. Азар имаше важечки договор со „кралевите“ и сакаше да остане, но на крајот клбуот успеа да се ослободи од неговата висока плата.

Во Реал Мадрид Азар пристигна со големи очекувања, но никогаш во целост не ги оправда вложените пари и се покажа како едно од најголемите разочарувања во историјата на „кралевите“.

За него Реал плати 100 милиони евра на Челси во 2019 година, а Белгиецот одигра само 72 натпревари, постигна седум голови и подели 12 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот