Одрони на патот Делчево-Македонска Каменциа / Фото: принтскрин

Одрони го блокираа патот Делчево – Македонска Каменица

Дождот што непрекинато паѓа од синоќа предизвика повеќе одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица.

Според информации од возачи, најголеми наслаги од земја и камења има по селото Очипала, во близина на месноста Баткова Чешма, каде на коловозот е забележано поголемо количество наноси.

Помали одрони се присутни на неколку делници долж трасата, поради што сообраќајот се одвива отежнато и со потребна дополнителна претпазливост. Патот е влажен, а видливоста намалена, што дополнително ја усложнува состојбата за возачите.

Надлежните служби упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да се движат со прилагодена брзина и зголемено внимание. Екипи се на терен и работат на расчистување и обезбедување на патниот правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот