Фото: КФМ

Oдредени термините за натпреварите во кошаркарскиот куп кај дамите

Завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција ќе се реализира на 21 и 22 февруари, во спортската сала „Кирил и Методиј“ во Македонака Каменица.

Во договор со Македонската радио телевизија, која ќе врши директни преноси од натпреварите, одредени се и саатниците за одигрување на натпреварите од „Фајнал-фор“ турнирот во Македонска Каменица.

На првиот натпреварувачки ден, 21. февруари (сабота), ќе се одиграат полуфиналните натпревари. Програмата стартува од 15. часот, со натпреварот во кој се среќаваат екипите на МЗТ Бела вода и домаќинот на турнирот – екипата на Баскет кам 2011.

Од 17.30 часот, следува вториот полуфинален натпревар во кој ќе играат екипите на Крива Паланка и Бадел 1862. На 22. февруари (недела), ќе се игра и финалниот натпревар. со почеток од 18. часот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

21. ФЕВРУАРИ (САБОТА)

15.00: Баскет кам 2011 – МЗТ бела вода

17.30: Крива Паланка – Бадел 1862

ФИНАЛЕ

22. ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)

18:00: Победник 1 – Победник 2

МЗТ уште еднаш ја потврди доминацијата во македонската кошарка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот