Одложен процесот за крвавиот „27 април“

Рочиштето беше одложено поради отсуството на дел од адвокатите.

Поради отсуството на дел од адвокатите, денеска во Кривичниот суд беше одложено рочиштето за предметот „27 април“.

Како што беше речено, дел од адвокатите во изминатиот период биле надвор од границите на државата па согласно препораките за заштита од корона вирусот тие не го напуштаат домот.

Денеска од домашен притвор не беа донесени обвинетите Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски. Во судница беше присутен само пиранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски.

Во судница дојдоа и сведоците Михаил Младеновски и Сашо Коцевски. За сведок на денешното судење требаше да се појави и техничкиот премиер Оливер Спасовски но судот го известил дека нема услови за одржување на рочиштето и не треба да доаѓа.

Следното рочиште е закажано за 27 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот