Фото: Принтскрин

Одѕивот на граѓаните до 18:30 е 46,65% – помал интерес од минатите избори

Овие податоци се однесуваат на 94,62 проценти од обработените избирачки места, на кои се запишани вкупно 1.721.645 гласачи.

На денешната прес-конференција на Државната изборна комисија (ДИК) беше соопштено дека до 18:30 часот своето право на глас го искористиле 803.091 граѓанин, што претставува излезност од 46,65 проценти.

Овие податоци се однесуваат на 94,62 проценти од обработените избирачки места, на кои се запишани вкупно 1.721.645 гласачи.

Во споредба со претходните локални избори, излезноста заклучно со 18 часот тогаш изнесувала 49,98 проценти, што покажува благ пад на одзивот.

Од ДИК потсетија дека, како и на секој изборен ден, бидејќи гласањето завршува во 19 часот, не се објавува излезност за тој последен термин, туку податоците се објавуваат до 18:30 часот.

– Конечниот одѕив ќе биде познат по полноќ, кога ќе одржиме прес-конференција. Тогаш, кога ќе ги комплетираме резултатите, ќе го соопштиме и конечниот процент на излезност заклучно со 19 часот – информираат од ДИК.

Процесот на гласање, според официјалните информации, се одвива без поголеми нарушувања, а по затворањето на избирачките места ќе започне пребројувањето на гласовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот