Одбојкарите со победа стартуваа во Европската сребрена лига

Никола Ѓоргиев блеска и на континенталниот собир во Тампере, Финска/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Одбојкарската репрезентација на Македонија очекувано со максимални 3:0 (25:21, 25:21, 25:21) го совлада Кипар во првиот натпревар од шестиот настап во ЦЕВ Европската лига.
Одбојкарите одтварија рутинска победа во салата „Парк“ во Струмица, постојано имаа контрола на резултатот, не се потрошија премногу, а ја завршија работата против аутдајдерот во нашата група.
– За нас ова е очекувана победа иако можеби ја извојувавме потешко отколку што мислевме. Најважно е што победивме и сега треба да се насочиме кон другите натпревар со противници коишто се посериозни, но без оглед на тоа целта е да оствариме три победи на првиот турнир – изјави капитенот Никола Ѓорѓиев.
Во другиот натпревар од групата „А“, Данска го совлада Израел со 3:2 во сетови. Утре, Македонија ќе игра со Израел, додека Кипар ќе игра против Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот