Фото: МЖСПП

Одбележан Светскиот ден на дивиот свет: Да ги заштитиме дивите видови флора и фауна во земјава

Нашата држава е исклучително богата со диви видови на флора и фауна и наша задача и обврска кон генерациите што доаѓаат е соодветно да ги заштитиме, порача министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, по повод 3 март – Светски ден на дивиот свет

Во рамките на новиот тековен проект поддржан од ЕУ „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES” планирани се активности за подобрување на законска и институционална рамка, преку изготвување на нов Закон за CITES, воведување на дигитализација на системот за издавање дозволи, зајакнување на административните капацитетите на национално ниво, унапредување на размената на информации и соработката поврзана со имплементација на CITES, најави министерката.

Фото: МЖСПП

Овогодишното мото на одбележувањето на овој ден е „Партнерства за зачувување на дивиот свет” и има за цел да го потенцира виталното значење на партнерствата на национално и локално ниво и вклучување и соработка на сите засегнати страни за да се обезбеди одржливоста и зачувувањето на дивиот свет.

МЖСПП заедно со aмбасадорот Дејвид Гир се приклучија кон одбележувањето на 3 март – Светскиот ден на дивиот свет и 50 годишнината од Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора – CITES.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот