Одбележан патрониот ден и 72-годишнината од основањето на УКИМ

Свежо цвеќе, како што соопштија од Универзитетот, положи и делегација на студентите на УКИМ, предводена од Ева Цветковска, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Делегација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, предводена од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски, а составена од проректорите проф. д-р Биљана Ангелова, проф. д-р Христина Спасевска, проф. д-р Валентина Гечевска, проф. д-р Ордан Чукалиев и генералниот секретар на УКИМ м-р Марија Маневска, како и од претседателот на Универзитетскиот сенат проф. д-р Анета Баракоска, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на патроните на УКИМ, светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа на платото на универзитетскиот кампус за општествени науки.

Свежо цвеќе, како што соопштија од Универзитетот, положи и делегација на студентите на УКИМ, предводена од Ева Цветковска, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

На споменикот, во чест на државниот празник „24 Мај” свежо цвеќе положија високи делегации на државниот врв, дипломатскиот кор и на други општествено-политички организации во државава.

– Деканите и директорите на единиците на УКИМ, се приклучија во чествувањето на патроните со положување на свежо цвеќе. Чинот на положување свежо цвеќе од страна на деканите и директорите на УКИМ ќе се одвива и во текот на наредните денови заради протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот