Од утре ќе бидат затворени самоиницијативно дел од кафулињата во Дебар

Со цел да се спречи ширење на коронаврусот поголемиот дел од сопстевниците на кафулиња во Дебар одлучија од утре да ги затворат своите локали.

-Станува збор за самоиницијатива на сопствениците на кафулињата, за што ме информираа на денешната средба, во што добија подршка од локалната власт, изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.

Се заблагодари на дебарското муфитството и дебарската парохија, кои ги прифатиле препораките за избегнување поголеми собирањата на верниците.

Тој го повтори апелот до граѓаните строго да ги почитуваат препораките на надлежните, да ја зачуваат воздржаноста и да не создаваат чувство на страв и паника. Најави дезинфекција на сите објекти и дел од улиците.

Дебарското подрачје е најпогодено од опасниот вирус. Од потврдените девет случаи во државава дури седум се од овој крај, однодно пет во Дебар и две лица во Центар Жупа.

Во домаша изолација се 34 лица, од нив 21 во Дебар, а 13 во Центар Жупа. Меѓу нив има и здравстени работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот