Од што почина Мерима Његомир: Истата болест однесе многу славни личности, а ова се симптомите

Регионот ја потресе веста за смртта на познатата српска пејачка Мерима Његомир (69), а како што пишуваат српските медиуми, пејачката боледувала од рак на панкреасот.

Од истата болест на почетокот на месецот почина и пејачот Маринко Роквиќ (67), а во прашање е еден од најподмолните облици на карцином.

Основачот на „Епл“ Стив Џобс и холивудскиот актер Патрик Свејзи се само неколкумина од починатите личности на кои им бил дијагностицирани рак на панкреасот. Во 2003 година, на Стив Џобс му бил дијаностициран еден вид на рак на панкреас (невроендокрин тумор). Лучано Павароти, еден од најславните и најталентираните тенори на сите времиња, почина од рак на панкреасот на 71-годишна возраст. Маестро Павароти водел долга и тешка борба против карциномот на панкреасот.

Од оваа болест починаа и актерите Маринко Маџгаљ и Тихомир Арсиќ.

Симптомите на ракот на панкреасот често се незабележливи, лесно се занемаруваат, поради што оваа болест е наречена „тивок рак“.

Во раната фаза, болеста честопати нема забележителни симптоми. Како што напредува болеста, може да се појават овие симптоми:

– Намален апетит

– Неволно губење на тежината

– Промена на бојата на урината (бледа столица, темна урина)

– Болка во средно-горниот дел на стомакот и грбот (болката често се шири во појасот),

– Формирање на згрутчување на крвта

– Жолтица (пожолтување на кожата и белките на очите)

– Депресија

– Постојан замор

Ризични фактори за настанување на карцином на панкреасот се:

– Прекумерна тежина

– Хроничен панкреатитис

– Дијабетес (ризикот најчесто се зголемува кај луѓето со дијабетес тип 2)

– Изложеност на индустриски хемикалии, како што се одредени пестициди и нафтени производи

– Семејна историја на панкреатитис или на рак на панкреасот

– Одредени наследни состојби, како на пример, вклучувајќи ја и мутацијата на BRCA2 генот, синдром на наследен рак на дојка и на јајчници или синдром на семеен атипичен мултимолекуларен меланом (ФАМММ)

– Пушење

– Возраст (особено над 60 години)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот