Фото: Општина Кисела Вода

Од понеделник ќе светне од чистота зеленилото во Кисела Вода, Општината тргнува во акција

Доколку дозволат временските услови, од идниот понеделник Општина Кисела Вода и ЈП „Паркови и зеленило“, ќе започнат еднонеделна акција за чистење и уредување на парковите и јавните зелени површини на целата територија на општината.

Како што соопштија од Општина Кисела Вода, акцијата ќе се реализира со целата расположлива механизација и теренски екипи, а ќе опфати собирање на лисна маса, расчистување на паднати гранки и отпадоци, поткастрување на дрвја, сечење суви гранки, како и уредување на јавните тревници. Активностите ќе се одвиваат низ парковите и сите јавни зелени површини во Кисела Вода, а вакви акции, како што тврдат, ќе бидат чести и во иднина.

Со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери, договоривме засилена соработка и конкретни чекори за подобрување на изгледот на нашата општина. Доколку временските услови дозволат, од понеделник започнуваме еднонеделна интензивна акција за чистење и уредување на парковите и јавните зелени површини, со целата расположлива механизација. Нашата цел е Кисела Вода да биде почиста, поуредена и попријатна за живеење, а ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период. Воедно, ги повикувам и граѓаните заеднички да придонесеме кон почиста животна средина, со одговорно однесување и грижа за заедничките јавни простори, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот