Од есен „европска вакцина“ достапна за сите во ЕУ и светот по ниска цена

Фото Архива на СП

Вакцините ќе им бидат на сите продадени по производна цена, односно помалку од 10 евра по доза. Најголем дел од производството во Европа ќе биде во лабораториите во Холандија и Италија.

Оваа есен сите граѓани на Европската унија би можеле да добијат вакцина против ковид-19. Како што велат, тоа ќе биде европска вакцина, иако ќе биде наменета за целиот свет, објавува хрватски Вечерњи, објаснувајќи дека Хрватска, Германија, Франција, Италија и Холандија, а подоцна и целата Европска Комисија потпишала договори за откуп на 400 милиони дози вакцини за сите жители на ЕУ.

Информациите за потпишувањето на договорите ги објави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза кој рече дека Италија учествува со 185 милиони евра. Договорот е потпишан со фармацевтската куќа АстраЗенека, а станува збор за вакцина која ја развиле италијански и британски научници, и која се тестира врз луѓе во Велика Бротанија под надзор на Универзитетот во Оксфорд кој учествувал во нејзиното создавањет во своите лаборатории.

Првите дози од експериментите ги произведе италијанската компанија Ирбм од Помезиа и каде што ќе се произведе дел од дозите. Поранешниот претседател на италијанската здравствена установа, а сегашен научник во СЗО Волтер Рициарди рече дека вакцината прво ќе им се даде на медицинскиот персонал, па потоа на постарите лица.

Можеби таа вакцина ќе го запре евентуалниот втор бран на ширење на коронавирусот кој се најавува во есен или на почеток на зимата. Делегираниот управител на фармацевтската компанија АстраЗенека Паскал Сориот вели дека првите 200 милиони вакцини ќе бидат произведени до крајот на оваа година, а другите 2,1 милијарди дози во првите месеци од 2021 година.

– Правиме сè  за да го скратиме времето на производство. Станува збор за голем финансиски ризик, зошто ако случајно не биде ефикасна ќе мора се да фрлиме, вели Сориот, и објаснува дека 100 милиони дози ќе одат во Велика Британија, 300 милиони во САД, а 400 милиони во ЕУ и останатите 700 милиони дози кон невладините организации ЦЕПИ (Coalition for Epidemic Preparedness Innovations) и ГАВИ (Global Alliance for Vaccines and Immunization) за сиромашните земји. Индија доби лиценца за производство на една милијарда вакцини.

Сориот вели дека вакцините ќе им бидат на сите продадени по производна цена, односно помалку од 10 евра по доза. Најголем дел од производството во Европа ќе биде во лабораториите во Холандија и Италија. Вакцините ќе ги добијат владите, а тие ќе одредат како ќе му бидат поделени на населението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот