Службени возила/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Од 6.500 државни службени возила, само 1.916 се евидентирани во регистарот на ДКСК

Во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија или други правни лица што располагаaт со државен капитал на Државната комисија за спречување на корупција во рамки на рокот предвиден со изборните дејствија за локалните избори на 19 октомври евидентирани се 1.916 возила пријавени од страна на повеќе институции, иако државните институции располагаат со околу 6.500 возила.

Државните органи, органите на локалната самоуправа, јавните претпријатија или други правни лица што располагаaт со државен капитал требаше да достават податоци за бројот, марката на возилото, година на производство, регистарски број и возна состојба до ДКСК најдоцна до 18 август.

Доколку правните лица не достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои расолагаат во предвидениот рок, ДКСК покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истек на рокот за доставување на податоците.

Евидентирањето на возилата на институциите се врши со цел тие да не се користат од страна на функционерите и други именувани и избрани лица за потребите на изборните кампањи.

Владата, пак, донесе одлука сите службени возила да добијат специјални таблички во боја, црвени, најдоцна до 15 септември 2025 година, со цел поголема транспарентност и спречување злоупотреби. Предвидено е исто така да се воведе специјален регистар на државните автомобили, кој ќе овозможи прецизна евиденција за местоположбата и користењето на секое службено возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот