Оценка на хрватски пулмолог: „Затворање“ е единствен начин за излез од епидемијата

Луѓе уживаат во сончевото време во локалните кафулиња / Загреб, 21 ноември 2020 / Хрватска / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Пулмологот Саша Срича смета дека најновите построги мерки за спречување на ширење на коронавирусот во Хрватска биле донесени со добра намера, но предоцна и изрази стравување дека т.н. „локдаун“ е единственото решение.

– Стравувам дека „локдаун“ е единственото решение што ни преостанува, изјави Срича за загрепската Н1 телевизија.

Тој смета дека досега преземените мерки за спречување на ширење на вирусот се козметички.

Луѓе уживаат во сончевото време во локалните кафулиња / Загреб, 21 ноември 2020 / Хрватска / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

– Ова се мерки од козметичка природа и нема да можат да ги запрат бројките, рече Срича, кој работи во болницата Дубрава, и појасни дека во моментот во болницата доаѓаат повеќе пациенти отколку што се испишуваат.

– Се обидуваме. Пациентите кои лежат поради ковид не можат да бидат испишани пред десеттиот ден. Многу пациенти развиваат разни компликации, клиничката слика е доста бизарна, рече Срича.

Тој очекува дека и шаторите наскоро би можеле да започнат да се полнат.

– Ќе има доволно шатори, но прашањето е дали ќе има доволно персонал, рече тој, истакнувајќи дека здравствениот систем е во алармантна, ако не и критична фаза.

Хрватска докторка искрена до коска: Ако го гледате она што го гледам јас, ќе ги набиете маските на муцка и нема да ги вадите!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот