Обвинителство: Во убиството на Ивановиќ е вмешана и неговата секретарка

Зери

Силвана Арсовиќ се сомнева дека ги исклучила надзорните камери во канцелариите на СДП пет минути по убиството на Оливер Ивановиќ, додека во моментот на убиството таа била сама во канцеларијата. За убиството на Ивановиќ се обвинети и потпретседателот на Српската листа, Милан Радојчиќ, за кого е издадена меѓународна потерница, полицајците Драгиша Марковиќ и Неделко Спасојевиќ, како и Марко Рошиќ, пишува денеска весникот „Зери“.

Дури и по скоро 19 месеци, убиецот или убијците на Оливер Ивановиќ, лидерот на „Србија, демократија, правда“, не се пронајдени. Во притвор како осомненичени дека помогнале во убиството, се наоѓаат двајца полицајци, Драгиша Марковиќ и Неделко Спасојевиќ, како и Марко Рошиќ, чии броеви од таблички на возилото биле пронајдени во џебот на убиениот Ивановиќ, додека главниот осомничен за убиството, Милан Радојчиќ побегна во Србија по акцијата на специјалната единица РОСУ на косовската полиција во северот за апсењето на осомничените за убиството на Ивановиќ, кон крајот на ноември минатата година и тој ужива директна  заштита од претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Специјалното обвинителство на Косово издаде меѓународна потерница за Радојчиќ.

Косовското специјално обвинителство по трет пат ја интервјуираше најблиската соработничка и секретарка на Ивановиќ, Силвана Арсовиќ, како осомничена за вмешаност и помош на убијците на Ивановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот