Обвинителство: Истрагата започна, се прибира ДНК материјал за идентификација на жртвите

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски и обвинителката Вилма Русковска утрово пристигнаа на местото на несреќата на автопатот „Струма“.

-Со колегите од Северна Македонија го утврдивме редоследот на дејствија што треба да се преземат за расчистување на овој случај. Од македонска страна треба да добиеме документи за техничката состојба на автобусот, за фирмата сопственик и патниците, како клучниот момент е биолошкиот материјал за идентификација на жртвите. Списокот е веќе испратен и колегите во Македонија веќе ја започнаа постапката, соопшти бугарскиот заменик обвинител Борислав Сарафов.

-Сликата е се појасна со секој изминат час. Екипите ги испрашуваат жртвите во Пирогов, двајца од нив можат да дадат објаснување, другите се во шок или во реанимација, иако без опасност по животот. Се сослушуваат и очевидци на местото на настанот, изјави на брифинг заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов.

Тој потврди дека дошло до експлозија, а допрва ќе се утврдува што ја предизвикало.

Сарафов рече дека четирите автобуси на македонската компанија се движеле со временско растојание од 15-20 минути. Во автобусот што учествуваше во несреќата имало и втор возач, за кој се верува дека не преживеал. Автобусот бил стар три години.

Нема да има истрага за случајот во северна Македонија, а локалното обвинителство ќе ги проследи сите потребни документи до бугарските колеги.

Проследете ги изјавите во видеото

Анализирани снимки од дрон: Бугарска експертка посочи можни причини за несреќата

Видео на денот