Обвинителката Ристовска ги пронајде своите хаски

Двете хаски Астра и Зоне на обвинителката Ленче Ристоска, кои изминатата ноќ беа украдени од дворот на семејната куќа во Лешок се пронајдени и вратени дома. Ристоска утрината објави дека двете хаски не може да преживеат без инсулин бидејќи имаат шеќерна болест и се слепи.

По неколку часа соседот Самет ја врати Зоне, а сега и Јована ја пронајде Астра.. И двете хаски се вратија во својот дом, напиша Ристовска на Фејсбук.

-Астра е дома благодарение на Јована!Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме е одраз дека во нашето општество имаме добри, емпатични и луѓе кои сакаат да помогнат.. Навистина немам зборови да ја опишам радоста на членовите на нашето семејство. Не за џабе се рекло дека заедно сме посилни! Голем поздрав до сите од моите девојки!“-напиша на својот Фб профил обвинителката Ристоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот