Обвинет троен убиец повикан за сведок во случајот „Пино”

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ваквиот предлог на ОЈО предизвика реакција на одбраната на обвинетата Ѓорѓиевска, која тврдеше дека не била во добри односи со обвинетата Поцеста, но нејзиното барање од судечкиот совет беше одбиено.

Али Фуркан пред две години имаше фирма „Травел сити рент-а-кар”. Фирмата е отворена во 2015 година. Тој ја отвори бидејќи неговата тогашна девојка Софија работеше во туризам. Заедно со нејзе работев се додека таа не замина во Швајцарија, каде се омажи и има дете, па останав само јас да ја водам фирмата. Во тоа време Али Фуркан работеше на друго место. Последен пат со сега обвинетата Ангела Ѓорѓиевска се слушнав по телефон период пред да биде уапсена. Во декември 2018 дојдоа рано наутро кај мене дома на кафе. Ми кажаа дека убиле човек, а со својот однос и подоцнежно однесување не ми оставија впечаток дека се сериозни во тоа што го говорат, изјави денеска во Кривичниот суд, Анета Георѓиева сведок во случајот „Пино”.

На прашање од обвинетата Ангела Ѓорѓиевска дали мајката на убиениот Пино Секондо ја контактирал или и понудила нешто, сведокот рече: – Не, ништо од тоа.

Запрашана зошто кога излегла од претходното рочиште на излегување на мајката на жртвата и рекла “толку можев да помогнам” сведокот рече:

-Дојдена сум како сведок за едно грозоморно убиство. Дали било намерно или не, јас тоа не знам. Три млади животи се оцрнети, но и нивната околина. Не знам детали за настанот, не го знам починатото дете и никогаш не ми било спомнато. Прв пат сум во судница и не знам што или како да кажам. Никој не ме советувал. Ладна и некомуникативна. Едноставно затворен тип. Не те знам долго за да те познавам. Не го штитам Али Фуркан. Не гледам причина него или некого да го штитам – рече сведокот Анета Георѓиева.

Убиениот Пино Секондо беше пријавен за исчезнат во декември 2018 година, а на 29 април 2019 година беше пронајдено и неговото тело, во атарот на селото Љуботен. Според обвинението, обвинетата Ангела Ѓорѓиевска на 11 декември 2018 година, го повикала Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и Али Фуркан со возило “опел аскона”, носејќи со себе пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот “шкода” со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.

Тројцата, се тврди во обвинението, се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот.

Според информациите на МВР, Фуркан избегал по убиството се вратил во Македонија, 10 мај, а на 27 мај му се губи секаква трага. По предлог на обвинителката од ОЈО Лидија Раичевиќ на следното рочиште ќе сведочи Блерта Поцеста. Токму Блерта Поцеста стана позната во Италија и Македонија откако е обвинета за тројното убиство кое беше извршено на 26 август пред две години во Дебар кога ги уби своите родители Амит и Назмие, како и својата тогаш 14-годишна сестра. Убиените и обвинетата беа и италијански државјани.

Ваквиот предлог на ОЈО предизвика реакција на одбраната на обвинетата Ѓорѓиевска, која тврдеше дека не била во добри односи со обвинетата Поцеста, но нејзиното барање од судечкиот совет беше одбиено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот