Обвинение против две лица за лихварство и изнуда - Слободен печат

Обвинение против две лица за лихварство и изнуда

До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави и Предлог за продолжување на мерката куќен притвор за првиот обвинет за кого постои опасност од бегство.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1, како и Обвинителен предлог против друго лице кое се товари за кривично дело – Лихварство од член 260 став 1 од Кривичниот законик.

-Вториот обвинет, на возраст од 25 години, на почетокот на 2019 година му дал услуга на едно оштетено лице, при што за себе договорил несразмерна имотна корист. Притоа, обвинетиот ја искористил тешката имотна состојба, недоволното искуство и лекомисленоста на сведокот-оштетен, па му позајмил 20.000 евра со каматна стапка од 10% на месечно ниво. Парите на оштетениот му биле потребни за да намири семејни долгови на неговиот татко- наведуваат во соопштението од ОЈО Скопје..

Прочитајте и...  Тројца повредени во сообраќајка кај Струмица

Според сознанијата на ОЈО, посредник за зајмувањето и примањето на парите бил првиот обвинет, лице на возраст од 28 години. Откако оштетениот не можел навреме да го врати заемот, тој обвинет од септември 2019 година до 18.11.2019 година употребувал сериозни закани кон него и кон неговата мајка за да ги принуди да му дадат вкупни парични средства во износ од 120.000 евра. Исплашена за животот на нејзиниот син, мајката се сретнала со првиот обвинет во кафуле во еден трговски центар во Скопје и му предала 60.000 денари. Откако ги зел парите, тој веднаш бил лишен од слобода од страна на полициските службеници.

До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави и Предлог за продолжување на мерката куќен притвор за првиот обвинет за кого постои опасност од бегство, но и оправдан страв дека тој би можел да го повтори делото, со оглед на тоа што неговите односи со оштетените се уште не се расчистени, а тој и во неговиот исказ пред јавен обвинител продолжил да инсистира оштетените да ги вратат парите со лихварска камата.

Прочитајте и...  Момче чувало пиштол во автомобил

За вториот обвинет на сила се претходно определените мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува повремено кај службено лице во Судот, привремено одземање на патната или друга исправа за поминување на државната граница и забрана за издавање нова, како и забрана за приближување и одржување контакт со оштетените.

Прочитај повеќе

Момче чувало пиштол во автомобил

Тројца повредени во сообраќајка кај Струмица

Во судир на повеќе возила повредени три лица кај Струмица

Слободен печат

Двојно убиство при грабеж во казино на патот Скопје-Блаце

Слободен печат

Тони Јакимовски излезе од притвор

Слободен печат

Тешко повреден работник при поставување на цевковод во Булачани

Слободен печат

Остави Коментар

три × 4 =

Прочитај повеќе

Возач удрил во петгодишно девојче во Пробиштип и побегнал

Слободен печат

Покренато обвинение против три лица за продажба на марихуана

Слободен печат

Скопјанец обвинет за кражба од службено возило на АД МЕПСО

Слободен печат

Инспектор бил нападнат од див превозник на граничниот премин Делчево

Слободен печат

Полицијата расчистува случаи со измамени угостители и цвеќари

Слободен печат

Мртви сопружници пронајдени во својот дом во Кратово

Слободен печат